Top Sport

Сити го доби и Челси, Тотенхем и Арсенал „излетаа“ од Лига купот

Манчестер сити ја зголеми мизеријата на Челси и нивниот тренер Греем Потер, откако ги елиминираа во 1/16 финалето на Англискиот лига куп со 2:0 победа на „Етихад“, а лошата вечер за лондонските клубови продолжи со елиминацијата на Арсенал (1:3 пораз од Брајтон) и Тотенхем (2:0 пораз кај Нотингем).

Отпорот на „сините“ беше скршен во пеколни пет минути во второто полувреме – прво Ријад Марез постигна прекрасен гол во 53. минута, за во 58. минута Хулијан Алварез дад ги постави конечните 2:0.

Арсенал, пак, почнаа одлично против Брајтон со голот на Еди Нкетија во 20. минута, пред Брајтон да израмни со гол од пенал на Дени Велбек во 27. минута и потоа во второто полувреме да направи пресврт со головите на Митома (58.) и Лемпти (71.). Џеси Лингард беше кошмар за Тотенхем, откако прво асистираше до Ренан Лоди во 50. минута, а потоа и даде гол во 57. минута за голема победа на „Сити граунд“.

Во аут се и Вест хем, откако по возбудливиот 2:2 меч против Блекбурн, загубија во пенал-серијата со 10:9 од англискиот второлигаш.

АНГЛИСКИ ЛИГА КУП, 1/16 ФИНАЛЕ
Арсенал – Брајтон 1:3
Њукасл – Кристал палас 0:0, 3:2 пен.
Нотингем форест – Тотенхем 2:0
Саутемптон – Шефилд венсдеј 1:1, 6:5 пен.
Вест хем – Блекбурн 2:2, 9:10 пен.
Вулверхемптон – Лидс 1:0
Ливерпул – Дерби каунти 0:0, 3:2 пен.
Манчестер сити – Челси 2:0

Scroll to Top