Милански Интер со меч од соништата на отворањето на 2021-та. Предмалку на „Џузепе Меаца“ пулените на Антонио Конте го торпедираа составот на Кротоне со 6-2 во рамки на 15 коло во Серија А.
„Нероазурите“ со трите бода по убедливата победа стигнаа најмногу поради хет-трикот на Аргентинецот Лаутаро Мартинез со што барем накратко се искачија на врвот на табелата пред Милан.
А почетокот на мечот не наговестуваше ваков епилог.
Уште во 12 минута гостите поведоа со 0-1. Стрелец Занелато.
Првиот од трите гола Лаутаро Мартинез го постигна во 20 минута, за 1-1.
Во 31 со автоголот на гостинскиот играч Мароне, Интер дојде до предност од 2-1, но за 2-2 до полувремето се погрижи Големиќ од пенал во 36 минута.
Експлозија во нападот за фудбалерите во „сино-црни“ дресови во вториот дел.
Предност од 3-2 донесе повторно Мартинез во 57 минута, а Лукаку погоди за 4-2 во 64 минута.
Аргентинскиот ас по третпат во листата на стрелците се запиша во 78 минута за 5-2, а конечниот резултат го постави Хакими на 3 минути пред крајот на мечот.