Top Sport

Интер домаќин на Атлетико, Борусија гостува во Ајндховен

На стадионите „Џузепе Меаца“ во Милано и на „Филипс“ во Ајндховен ќе се одиграат првите натпревари од осминафиналето во Лигата на шампионите. Ривали се Интер – Атлетико Мадрид и ПСВ – Борусија Дортмунд.

Интер и Атлетико Мадрид се среќаваат во меч за кој повеќето фудбалски стручњаци велат дека може да биде најинтересен од сите осминафинални натпревари.

Нероаѕурите во добро расположение го дочекуваат овој натпревар. Блиску се по пауза од три години да ја вратат титулатадо враќање во Серија А, своите витрини, бидејќи имаат девет бода повеќе од второпласираниот Јувентус со натпревар помалку од тимот од Торино.

Моментално се во добра форма, бидејќи се во серија од седум победи, вклучувајќи ги и натпреварите во Суперкупот на Италија.

Што се однесува до Лигата на шампионите, Интер ја заврши групната фаза во конкуренцијата меѓу Реал Сосиедад, Салцбург и Бенфика на второто место со 12 бодови исто колку и тимот на Сосиедад, но тимот од Шпанија заврши на првото место поради подобрата гол-разлика. .

Интер има добар учинок со Шпанците, бидејќи победи на 11 натпревари, десет пати ремизираше и забележа само четири порази.

Екипата на Атлетико Мадрид игра многу променливо оваа сезона, но групата од Лигата на шампионите ја заврши убедливо на првото место со 14 бодови, што е четири повеќе од второпласираниот Лацио.

Викендов, Атлетико го победи Лас Палмас со 5:0, но претходно беше поразен на гостински терен од Севилја и загуби во првиот полуфинален натпревар во Купот на Кралот од Атлетик Билбао.

Атлетико сезонава имаше можност да игра со италијански тим, беше во групата со Лацио, ремизираше во Рим, додека на домашен терен славеше со резултат 2:0.

Инаку, „јорганџиите“ во дуелите со тимовите од Италија имаат пет победи, четири нерешени и шест порази.

Атлетико на стадионот на „Џузепе Меаца“, на пенали го загуби финалето на Лигата на шампионите во 2016 година од Реал, но во минатото има две победи против Милан.

Натпреварот, според анализите, барем додека резултатот е 0:0 ќе донсе тактичко надмудрување меѓу тренерите Симоне Инзаги и Диего Симеоне.

Симеоне и Инзаги беа соиграчи во тимот на Лацио, кој стана шампион на Италија на почетокот на 21 век, додека темпераментниот Аргентинец во кариерата две сезони го носеше дресот на Интер.

Во вториот натпревар ќе се сретнат ПСВ и Борусија Дортмунд.

Холанѓаните играат одлична сезона, се уште немаат пораз во домашноот првенство и речиси сигурно ќе ја освојат титулата. „Милионерите“ моментално се на четвртото место на табелата во Бундеслигата, ги очекува голема борба за пласман во Лигата на шампионите за следната сезона.

Гледајќи ги резултатите, ПСВ секако е фаворит на овој меч, но никогаш не треба да ги отпишувате Германците.

Натпреварите ќе започнат во 21 часот.

Scroll to Top