Претседателот на Интер, Стивен Жанг им наредил на директорите на клубот дека сите понуди за Милан Шкринијар ова лето да бидат одбиени, откако Пари Сен-Жермен покажале интерес за словачкиот централен бек.
Според денешните вести од Италија, ПСЖ побарале состанок со првите луѓе на Интер и понудиле 50 милиони евра плус бонуси за Шкринијар, понуда која веднаш била одбиена. Жанг наводно ги информирал инвеститорите во клубот дека Шкринијар нема да замине од Интер ова лето, за да се остави „мир“ во клубот за Симоне Инзаги да може да продолжи со работата.
Жанг дури бил подготвен на 27-годишниот Словак да му понуди продолжување на договорот, кој му истекува следното лето.
Inter, Zhang ha comunicato l'incedibilità di Skriniar. Nessuna offerta del PSG sarà ascoltata https://t.co/UXc7lrU693
— TUTTOmercatoWEB (@TuttoMercatoWeb) August 19, 2022