Според „Ла газета дело спорт“ и „Тутоспорт“, Интер заедно со Фиорентина се обидуваат да го блокираат трансферот на Федерико Киеза во Јувентус, така што ќе се договорат тој да отиде кај „нераѕурите“ во 2020 за 70 милиони евра.
Весниците го опишуваат ова како уште една епизода на „студената војна“ меѓу Јуве и Интер, предводена од поранешните колеги, а сега лути ривали, Бепе Марота и Фабио Паратичи. Цело лето се тврди дека Киеза, синот на поранешната легенда на Фиорентина, Енрико, ги договорил личните услови со Јувентус, но Виола сега ги одбива овие понуди бидејќи новиот сопственик Роко Комисо беше посебно лут за ова одење зад грб на клубот.
Сега Комисо, заедно со Интер подготвуваат „пакт“ да го донесат 21-годишниот Киеза на „Сан Сиро“ во 2020 година. Ова доаѓа откако „бјанконерите“ ги нарушија плановите на Интер да го продадат Мауро Икарди, откако му понудија големи пари и сега тој одбива да оди во било кој друг тим.