Top Sport

Теми Абрахам мора да ја искористи шансата во Челси

Поранешниот фудбалер на Челси, Карлтон Кол му порача на Теми Абрахам да ја искористи огромната шанса да биде фудбалер со бројот 9 на „сините“, откако новиот тренер Френк Лампард  реши да го искористи 21-годишниот Англичанец како главен напаѓач против Манчестер јунајтед.

Челси загуби со 4:0, но младите Абрахам и Мејсон Маунт покажаа дел од својот квалитет. Како Абрахам, и Карлтон Кол произлезе од школата на клубот од „Стемфорд бриџ“, но не успеа да се пробие во првиот тим со Дидие Дрогба, Ернан Креспо и Еидур Гудјонсен, по што замина во Вест хем. Лампард исто така беше еден од соиграчите на Кол.

„Ова е фантастична шанса за Теми Абрахам. Кога јас бев таму, се борев за живот и за секоја минута. Се надевам дека момците на Френк знаат каква голема шанса е ова. Јас би сакал да добијам ваква прилика. Теми посебно мора да се покаже. Тој е добар фудбалер, има уште многу да учи, но сега е во Челси во Премиер лигата, најдобро школо. Лампард му верува и тоа е победничка ситуација. Абрахам треба да верува“, вели Кол.

Scroll to Top