Top Sport

(Видео) Интер го освои Суперкупот на Италија

Foto/ EPA

Фудбалерите на Интер го освоија Суперкупот на Италија. Во Ријад, во финалниот меч Интер го победи Наполи со 1:0.

Интер трет пат по ред, а вкупно осми пат во клупската историја го крена пехарот во Суперкупот.

Актуелниот шампион на Италија во 60. минута остана без Џовани Симеоне. Аргентинецот во интервал од пет минути доби два жолти картони.

Теренската иницијатива Интер ја искористи во 91.минута, кога Павар му асиситираше на Лаутаро Мартинез. Најдобриот играч на Интер го постигна 21. гол од почетокот на сезоната, а Интер го освои првиот трофеј во 2024 година.

Scroll to Top