Top Sport

Интер го „прегази“ Беневенто, историска прва победа на Специја!

Интер се приклучи на Лацио и на Наполи со максимални шест поени по два меча во Серија А, откако со 5:2 го „прегази“ Беневенто на Филипо Инзаги, додека Специја ја забележа својата прва победа во италијанската елита, откако со 2:0 ги победи Удинезе на Илија Несторовски на гости!

Новото засилување Ашраф Хакими беше инпсиратор на „нераѕурите“ во првото полувреме, со гол и асистенција, а и Ромелу Лукаку постигна два гола за 4:1 водство на полувреме. Во листата на стрелците се запишаа и Гаљардини и Лаутаро, додека за Беневенто двата гола ги постигна Капрари.

Специја пак, клубот кој оваа сезона по првпат во својата 114-годишна историја игра во Серија А, успеа да го шокира Удинезе на гости. Бугарскиот напаѓач Андреј Галабинов стрелаше во 29. минута за потоа Специја да изддржи со играч помалку во второто полувреме за славен триумф. Несторовски влезе во игра во 64. минута како замена, а Галабинов во 92. минута зголеми на 0:2.

Scroll to Top