Top Sport

Ерани го загуби маратонот од Бертенс, па ја обвини дека е „фејкер“

Поранешната финалистка од Ролан Гарос, Италијанката Сара Ерани ја обвини холандската петта носителка Кики Бертенс за неспортско однесување при драматичниот меч од второто коло на Ролан Гарос.

Бертенс победи со 7:6(5)/3:6/9:7 во меч кој траеше над три часа и во кој Ерани двапати сервираше за победа и не успеа да оствари една меч топка. Одлучувачкиот трет сет беше одбележен со осум брејка во низа.

Ерани, која влезе на турнирот преку квалификациите иако играше во финалето во Париз пред осум години, беше лута на постојаните медицински паузи кои ги бараше Бертенс, за на крајот да опцуе на италијански и да одбие да се поздрави со рекетите со противничката. Бертенс на крајот си замина од теренот во количка.

„Не ми се допаѓа кога некој се игра со тебе. Таа одигра одличен меч, но не ми се допаѓа тоа однесување – еден момент плаче во болки, другиот трча како луда, а потоа ќе оди во ресторан. Не ми се допаѓаат такви работи“, вели Италијанката.

Бертенс ги отфрли обвинувањата.

„Таа имаше свои шанси, не ги искористи и сега зборува“, вели Бертенс.

Scroll to Top