Top Sport

Интер го претставија Ашраф Хакими

Интер и официјално потврдија дека потпишале петгодишен договор со бекот Ашраф Хакими од Реал Мадрид во зделка која може да ги чини до 45 милиони евра.

„Ашраф Хакими е официјално фудбалер на Интер. Мароканецот, кој е роден во 1998, доаѓа кај ’нераѕурите’ со трансфер од Реал Мадрид и со договор до 30 јуни 2025 година“, објавија на веб-сајтот на Интер.

21-годишниот Хакими, кој последните две сезони ги помина на позајмица во Борусија Дортмунд, каде што постигна 12 гола и 17 асистенции во 72 настапи, наводно ќе заработува по 5 милиони евра по сезона.

Иако е роден во Мадрид, Хакими е марокански репрезентативец со 28 настапи за африканската нација. Со сума од 40 милиони евра и 5 милиони евра бонуси, тој е најскапиот дефанзивец во историјата на „нераѕурите“.

Scroll to Top