Интер се подготвени да им го дадат Милан Шкринијар на Манчестер сити откако „граѓаните“ подолго време се заинтересирани за Словакот, но би сакале да го добијат аргентинскиот ветеран и најдобар стрелец во историјата на Сити, Серхио Агуеро, јавува „Калчомеркато“.
Иако се веруваше дека 25-годишниот Шкринијар е „недопирлив“ во тимот на Интер, по црвениот картон против Сасуоло и казната која клубот реши да му ја додели на Словакот, сега се шпекулира дека тие се подготвени да го продадат, посебно откако во тимот ќе пристигне Ашраф Хакими.
Останува да се види дали 32-годишниот Агуеро би сакал да направи трансфер во Серија А и да замине од тимот на Пеп Гвардиола.