Раџа Наинголан е познат како одличен фудбалер, но и како човек кој има проблем со дисциплината која е потребна да си професионален фудбалер, што се покажа уште еднаш откако неговиот нов клуб Интер го суспендираше поради недисциплина.
„Интер потврдува дека Раџа Наинголан е привремено суспендиран од фудбалските активности поради дисциплински причини“, се вели во соопштението на Интер, а италијанските медиуми тврдат дека тој задоцнил на тренинг и нема да биде во составот за дуелот со Наполи.
30-годишниот Белгиец дојде во Интер од Рома за 38 милиони евра плус Николо Цаниоло, но се мачеше да влезе во првиот состав на „нераѕурите“ и има три гола во 15 настапи оваа сезона.
Со ова се комплетира лошата недела за Наинголан, откако наводно му биле украдени 150.000 евра од луѓе кои ги фалсификувале неговите чекови. Сепак, подоцнежната истрага покажа дека тој загубил многу пари при неколку посети на казино во Монте Карло во август.
Популарниот „Нинџа“ беше суспендиран и од Рома во јануари откако на новогодишната забава постави видео на кое во алкохолизирана состојба пцуеше и имаше непристојни коментари.
Comunicato FC Internazionale Milano
? https://t.co/F1Kz9nveon #FCIM
— Inter (@Inter) December 23, 2018
Фото: ЕПА
Неспортскиот животен стил му пресуди, Наинголан нема да игра на СП