Top Sport

Интер го убедувале Лукаку дека можат до титулата и со Инзаги

Според „Ла газета дело спорт“, директорите на Интер го убедувале Ромелу Лукаку дека од врвните фудбалери на „нераѕурите“ само Ашраф Хакими ќе замине ова лето, по најавите за кратење на трошоците во клубот и заминувањето на тренерот Антонио Конте.

Лукаку бил шокиран од одлуката на Конте да си замине по освојувањето на скудетото, но клубот сака да посочи дека и со Симоне Инзаги на клупата, амбициите следната сезона ќе бидат да се освојуваа титули.

Хакими е блиску до договор со Пари Сен-Жермен, додека Интер ќе се обидат да најдат замена за него во Емерсон Ројал од Барселона или Алесандро Флоренци од Рома. „Нераѕурите“ се приморани да го продадат Хакими поради финансиски причини, а од тимот најверојатно ќе заминат и Иван Перишиќ, Андреа Ранокија и Александар Коларов, додека за Милан Шркинијар се чека вистинска понуда.

Scroll to Top