Top Sport

Интер и Баерн го договорија трансферот на Павар

Интер и Баерн Минхен го договорија трансферот на францускиот репрезентативец, Бенжамин Павард, објавија италијанските медиуми.

Како што пренесуваат „Газета дело Спорт“ и „Скај спорт Италија“, Интер за 27. годишниот француски дефанзивец ќе плати 30 милиони евра, а трансферот би можел да достигне 32 милиони во зависност од резултатите на италијанскиот клуб.

Павар, светски првак со Франција во 2018 година, од почетокот на почетокот на преодниот рок им соопшти на челниците на Баерн дека сака да го напушти клубот, една година пред истекот на договорот.

Павар последните седум години ги мина во Бундес лигата, пред да пристигне во Баерн од 2016 до 2019 година играше за Штутгарт. Со Баерн четири пати ја освои Бундес лигата и еднаш и Лигата на шампионите.

Scroll to Top