Top Sport

Пропадна трансферот на Серхио Рамос во Бешикташ

Серхио Рамос има уште седум-осум дена да најде нов клуб. Шпанецот е слободен играч слободен играч откако му истече договорот со Пари Сен Жермен.

И покрај тоа што има 37 години, тој се уште не размислува да ја прекине кариерата.

Желба на Рамос е да остане во Европа, не сака да игра во Саудиска Арабија или во САД. Се обиде да се врати на местото каде што ја започна карерата, во Севилја, но клубот ја одби таа можност.

Потоа се поврзуваше со Галатасарај, а во последните 48 часа преговараше со Бешикташ.

Клубот од Истанбул на социјалните мрежи објави дека преговарале со Рамос и Андерсон Талиско, бразилскиот играч за врска на Ал Наср.

Преговорите со двајцата пропаднале откако двете страни не успеале да се договорат за финансиските детали.

Scroll to Top