Top Sport

Интер и Барела се договориле околу новиот договор

Интер е на прагот да ја заврши една од најважните работи за иднината на клубот. Наскоро договоорт ќе го продолжи еден од најдобрите играчи Никола Барела.

Одличниот играч за врска моментално има договор до 2026 година, па Интер реши да побрза и да го обезбеди потписот на еден од најважните играчи на подолг период, бидејќи за Барела сериозен интерес покажа Манчестер сити, а наводно и Карло Анчелоти сака да го види во Реал Мадрид.

Сепак, Интер ја доби битката. Двете страни постигнале договор, кој наскоро и официјално ќе биде потпишан.

Новиот договор би требало да трае до 2029.

Scroll to Top