Top Sport

На местото на Клоп доаѓа Аморим – Ливерпул ќе плати оштета од 15 милиони евра

Еден од најперспективните тренери во светот, Рубен Аморим ќе го наследи Јирген Клоп во Ливепрул. Португалските медиуми објавија дека , Рубен Аморим постигнал договор со челниците на Ливерпул.

Младиот стручњак имал средба со челниците на Ливерпул во Лисабон по која двете страни си „пуштиле рака“.

Оваа одлука Аморим им ја соопштил на своите соработници, кои започнале интензивен курс по англиски јазик, што е доволно да се претпостави дека работата е завршена.

Ливерпул ќе мора да плати оштета за Аморим, бидејќи тој се уште има договор со Спортинг, со кого оваа сезона ита кон шампионската титула во Португалија.

Имено, Спортинг има неколку клаузули во договорот со Аморим. Едната вели дека цената на обештетувањето за португалските клубови е 30.000.000 евра, додека за странските клубови оштетата е 20.000.000 евра. Португалските медиуми тврдат дека Спортинг од Ливерпул ќе прифати оштета од 15.000.000 евра.

Scroll to Top