Италијанските медиуми тврдат дека гигантите Интер и Јувентус се во борба за потписот на Дејан Кулушевски, кој иако игра за Парма, всушност е фудбалер на Аталанта, која може да бара дури 45 милиони евра за шведскиот репрезентативец со македонско потекло.
19-годишниот Кулушевски во неделата против Болоња го постигна својот трет гол оваа сезона уште повеќе зголемувајќи ја својата цена. Тој овој месец дебитираше за репрезентацијата на Шведска, уривајќи ги сите надежи дека еден ден ќе го видиме во македонскиот дрес.
Според „Тутоспорт“ и „Ла газета дело спорт“, Интер и Јувентус се многу заинтересирани да го донесат Кулушевски уште во јануари, но Аталанта ќе се обиде да заработи добро за крилото. Кулушевски, кој е роден во Стокхолм, е продукт на младинската академија на Бромапојкарна, по што во 2016 година пристигна во Аталанта.
Тој имаше 5 настапи во У-16 репрезентацијата на Македонија, пред да се реши да настапува за земјата во која е роден.
oro atalantino, futuro da #big? #Kulusevskihttps://t.co/tGQGcZIrae
— Si Gonfia La Rete (@_SiGonfiaLaRete) November 25, 2019