Top Sport

Интер и Милан ќе се откажат од „Сан Сиро“, славниот стадион ќе биде срушен?

Интер и Милан, лутите градски ривали се блиску до презентација на заеднички проект за нов стадион, отфрлајќи ја можноста легендарниот „Сан Сиро“ да биде реновиран.

Извршниот директор на Интер, Алесандро Антонело за „Газета дело спорт“ објави дека двата клуба се согласиле дека најдобар начин да сео ди напред е да се изгради нов стадион, а не да се реновира стадионот изграден во 1926 година, кој е во сопственост на градот Милано.

„Интер и Милан работат заедно. Имаме работа пред нас, но времето е дојдено. Наскоро ќе го информираме градот за нашиот заеднички избор. На Милан му е потребен стадион како во најдобрите европски градови“, вели Антонело.

„Сан Сиро“, официјално именуван „Џузепе Меаца“ се отвори во 1926 година, по што следуваа повеќе реновирања, последното пред Светското првенство во 1990 година. Милан беа оригиналните „станари“ на стадионот, пред Интер да се приклучи во 1947 година, а во 1980 година стадионот го доби името на фудбалерот од Милано, Џузепе Меаца. На овој стадион се играле четири европски финалиња.

Scroll to Top