Top Sport

Интер и Милан „се тепаат“ за потписот на Педро Родригез

Миланските фудбалски клубови Милан и Интер се во борба за потписот на фудбалерот на Челси, Педро Родригез (31) во претстојниот преоден рок, пренесуваат италијнските медиуми. „Сините“ од Лондон имаат договор со Педро уште година ипол, но за сума меѓу 20 и 25 милиони евра би го ослободиле од обврските.

Крилниот напаѓач не е стандарден во Челси по доаѓањето на Маурицио Сари на кормилото, а дозвола за заминување има и поради фактот што Кристијан Пулишиќ од Борусија Дортмунд се сели во Лондон.

Педро од 2015 е во Челси, по трансферот од Барселона, а до сега во сите натпреварувања беше стрелец на 31 гол.

Scroll to Top