Top Sport

Винс Картер не размислува да оди во пензија иако има 42 години (видео)

Винс Картер е најстариот играч во НБА лигата, во јануари го прослави својот 42. роденден. Иако делуваше дека на крајот на сезонава ќе се „пензионира“, сепак реши да игра барем уште една сезона во најсилната кошаркарска лига во светот.

Картер сезонава настапува за Атланта, што е негов осми тим во НБА-кариерата.

„Би можел да одиграм уште една сезона, се надевам дека постои тим кој ги сака моите услуги. Ќе се подготвувам летоска за уште една сезона, па ќе видиме“ – рекол Картер.

Доколку и наредната сезона биде дел од НБА – циркусот, тоа ќе биде негова 22. сезона, со предизвикот започна во далечната 1998 година.

До сега го израмни рекордот по бројот на НБА сезони со Роберт Периш, Кевин Вилсон, Кевин Гарнет и со Дирк Новицки кој се уште нема одлучено дали ова ќе му биде последната сезона.

Картер сезонава од вкупно 79 натпревари настапи на дури 73 и во игра проминуваше по околу 17 минути притоа постигнувајќи во просек по 7,5 поени со 2,5 скока.

Картер во кариерата настапуваше за Торонто, Њу Џерси. Орландо, Феникс, Далас, Мемфис, Сакраменто и Атланта.

Scroll to Top