Top Sport

Интер има неочекувани проблеми со главниот спонзор

Главниот спонзор на Интер, „Digitalbits“, не ја извршил првата уплата на сметката на „нероаѕурите“, пишуваат медиумите во Италија. На крајот на август минатата година беше потпишан договор меѓу Интер и спонзорот, според кој на поранешниот шампион на Италија му се гарантирани 85 милиони евра за четири години.

Сепак, „Газета дело Спорт“ тврди дека имало проблем и Интер не ја добил првичната уплата, поради што клубот ќе го покрие логото на спонзорот на дресовите.

Овој спонзор прво беше на ракавот на дресовите на Интер, но од сезоната 2022/23 треба да биде на предната и задната страна на дресот.

Главен спонзор на „нероаѕурите“ за сезоната 2021/22. беше „Socios.com“, кој го замени „Пирели“, популарна компанија за гуми која претходно беше долгогодишен спонзор на клубот и под чие спонзорство Интер освои многу трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите.

Интер ќе ја отвори новата сезона во Серија А против новиот калчолигаш Лече.

Scroll to Top