Top Sport

Хабиб признава: Не знам дали воопшто ќе се бориме со Фергусон

УФЦ шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов се врати од САД во Русија поради корона вирусот и призна дека постои голема неизвесност за неговиот закажан дуел со Тони Фергусон на 18 април.

Нурмагомедов се врати во Русија во понеделникот откако неговата тренинг-база во Сан Хозе, Калифорнија беше затворена поради корона вирусот, и сега како сите руски државјани ќе мора да оди на 14-дневна изолација или му се заканува затворска казна.

„Не сфаќам што се случува. Каде ќе се бориме, дали ќе се бориме воопшто, и сите други детали. Никогаш не помислував на ваква ситуација“, призна Нурмагомедов во понеделникот.

УФЦ шефот Дејна Вајт постојано тврдеше дека нема да дојде до шесто откажување на долгоочекуваната пресметка во лесна категорија, а една опција е посебниот „камп“ на УФЦ во Лас Вегас, каде што секако, би се оддржал меч без публика.

Scroll to Top