Јувентус го договориле првото засилување за наредната сезона. По завршувањето на сезоната во Торино ќе пристигне младиот дефанзивец на Верона Мараш Кумбула.
Јувентус успеа да го убеди Кумбула да се пресели во Торини, иако тој долго време се поврзуваше со трансфер во Интер.
За услугите за 20 годишниот репрезентативец на Албанија Јувентус ќе плати 32 милиони евра. Кумбула со „старата дама“ ќе потпише петгодишен договор.
Трансферот на кумбула значи дека Јувентус покрај Даниел Ругани ќе мора да продаде уште еден играч од одбраната. Во моментов на позицијата централен дефанзивец, тренерот Маурицио Сари покрај Ругани ги има искусните Џорџо Кјелини и Леонардо Бонучи, односно Матијас Де Лихт и Мерих Демирал.