Интер ја освои својата прва италијанска титула по 11 години, но има многу неизвесност околу иднината на фудбалерите и на тренерот Антонио Конте, тврди весникот „Ил кориере дело спорт“, кој оценува дека само тројца фудбалери не се на продажба.
Конте има договор со тимот до јуни 2022 година, но за да продолжи бара гаранции за проектот, иако засега пораката од претседателот Стивен Жанг е дека е потребно да се кратат трошоци.
Според „Кориере“, само Ромелу Лукаку, Алесандро Бастони и Николо Барела не се на продажба, и иако тимот сака да ги заддржи и Лаутаро Мартинез, Артуро Видал, Стефан де Фрај, Ашраф Хакими и Марцело Брозовиќ, но ако дојде добра понуда „нераѕурите“ ќе ја прифатат. Истото важи и за Кристијан Ериксен, иако Данецот се прилагоди на животот во Милано и доби шанса во вториот дел од сезоната.