Top Sport

Клоп им порача на Невил и Карагер да не предизвикуваат бунтови

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека минатонеделните протести пред „Олд Трафорд“ кои го одложија дербито со Манчестер јунајтед ја поминале границата со насилството, и им порача на Гери Невил, Џејми Карагер и другите ТВ-коментатори и експерти да не ја вжештуваат ситуацијата.

„Дали сум изненаден од работите? Не, целосно верувам во демократија и луѓето треба да го кажат своето мислење. Но, во вакви ситуација често настрадува нешто. Затоа и една недела претходно кажував дека кога овие стручњаци бараат протести треба да ги смируваат луѓето. Не знам што точно се случи, но слушнав дека еден полицаец е повреден и тоа не смее да се случува. Кога нешто ќе стане насилно, престанува да биде право“, вели Клоп.

Гери Линекер веднаш му одговори на Твитер.

„Неколку газди се обидуваат да го уништат нашиот спорт и можеби ќе се обидат да го направат тоа повторно, а ни кажуваат ‘да се смириме и да одиме напред’. Голем почитувач сум на Клоп, но тука спектакуларно потфрли. Без навивачи, нашиот прекрасен спорт ќе биде полош“, напиша Линекер.

Scroll to Top