Спортскиот директор на Интер Бепе Марота ја подготвил понудата што клубот ќе ја испрати во Барселона на 1 јануари кога ќе започне преодниот рок. Не е тајна дека тренерот на Интер Антонио Конте сака повторно да соработува со Артуро Видал.
Репрезентативецот на Чиле е резерва во Барселона што само го зголемува незадоволството кај него. Сезонава има одиграно 19 натпревари, но две третини од натпревари ги започнал како резерва. Сезонава Видал има постигнато пет гола.
Незадоволството јавно го покажал минатиот вторник, кога го напуштил последниот тренинг пред „Ел Класико“ кога дознал дека нема да биде во првиот тим.
Италијанските медиуми тврдат дека Интер на Барселона ќе и понудат 12 милиони евра за Артуро Видал.