Top Sport

Форбс: Мејведер заработил богатство во изминатата деценија

Американскиот магазин „Форбс“ објави листа на спортисти што заработиле најмногу пари во изминатата деценија. На врвот на листата е боксерот Флојд Мејведер.

Боксерот во целост го оправдал својот едноставен прекар „Пари“. Во периодот од 2010 д 2019 година Мејведер заработил 915 милиони долари. Најмногу заработил од мечевите со Мани Пакјао и Конор Мекгрегор. Мејведер ја заврши кариерата без пораз, со 50 победи.

Зад Мејвејдер се фудбалските ѕвезди Кристијано Роналдо и Лионел Меси, Португалецот заработил 800 милиони, а Аргетнинецот 750 милиони долари.

На четвртото место е најпопуларниот кошаркар на денешницата Леброн Џејмс. „Кралот Џејмс“ како играч на Кливелнд Кавалирс, Мајами Хит и ЛА Лејкерс заработил 680 милиони долари.

Петти е Роџер Федерер (640 милиони), на шестото и седмото место се играчите на голф Тајгер Вудс (615) и Фил Микелсон (480).

Осми е Мани Пакјао, единствениот боксер што бил светски првак во осум различни категории. Филипинецот заработил 435 милиони долари.

Во Топ 10 уште се и кошаркарот Кевин Дурент (425), односно светскиот првак во Формула 1 Луис Хамилтон (400).

„Форбс“ наведува дека единствената жена меѓу 40 најплатени спортисти во светот во изминатата деценија е Серена Вилијамс.

Мејведер за Божиќ со „Мерцедес“ за својата 19-годишна ќерка

Scroll to Top