Top Sport

Интер најде замена за Лукаку

Фудбалерот на Вест Хем, Џанлука Скамака ќе биде новото засилување на Интер на напаѓачката позиција.

Спортскиот директор на Интер, Џузепе Марота на тој начин најде замена за Ромелу Лукаку, кој најверојатно од Челси ќе се пресели во Јувентус.

Скамака минатата сезона, не го оправда трансферот во Вест Хем. „Чеканите“ за него платија речиси 40 милиони евра, а тој постигна само три гола на 16 натпревари.

Џанлука Скамака кариерата ја започна во Лацио, од каде замина во редовите на лутиот ривал Рома. По Рим, тој се пресели во ПСВ, каде играше за помладите категории, пред да се врати во Сасуоло во 2017 година.

Scroll to Top