Top Sport

Стативата ги спаси Американките, Андоновски избегна елиминација од СП

Холандија од првата позиција и САД од втората се пласираа од групата Е во осминафиналето на деветтото Светско првенство за жени. Тоа е епилогот од крајот на натпреварувањето во групата од која испаднаа третопласираната Португалија и четвртопласираниот Виетнам.

Четиркратните светски шампионки, Американките, на чија клупа седи Македонецот Влатко Андоновски, со многу среќа го освоија второот место во групата.

Во последното коло Холандија и САД влегоа со по четири бода. Холанѓанките го совладаа Вијетнам со 7:0, додека Американките извлеко реми 0:0 со Португалија. Во последната минута од судиското надополнување на времето, Ана Капеча ја погоди стативата, доколку нејзиниот удар беше за нијанса попрецизен ќе сведочевме на една од најголемите сензации во историјата на женските Мундијали.

Вака, САД, со многу среќа изборија место во осминафиналето.

Scroll to Top