Top Sport

Интер не ја победи и Фиорентина, шампионот се подалеку од титулата

Италијанскиот првак Интер го одигра третото реми (1:1) во последните четири натпревари во Серија А и дополнително си ги влоши шансите за одбрана на титулата во Серија А. „Нероаѕурите“ ремизираа против Фиорентина на „Џузепе Меаца“ и сега имаат 60 бода, три помалку од Милан и од Наполи.

Лукас Тореира во 50.минута го шокира Интер во Милано, но само пет минути подоцна успеа да израмни Дензел Дамфрис. Сепак, до крајот Интер не успеа да постигне и победнички погодок.

Scroll to Top