Top Sport

Харден: Јас не сум системски играч, ја сум системот

Новиот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс, Џејмс Харден ја одржа првата прес-конференција по пристигнувањето во клубот.

Тој истакна дека бил на поводник и дека челниците на Филаделфија не го сакале во своите редови.

Харден имаше турбулентно заминување од Сиксерс, исто претходно му се случи и во Бруклин.

„Кога го напуштив Бруклин мислев дека ќе се пензионирам со Сиксерс, но раководството имаше други планови. Тие не ме сакаа. Има многу наративи, луѓето мислат дека имаат мислење. Но, ништо од тоа не е точно”. изјави Харден.

Харден го имаше првиот тренинг со Клиперс во четвртокот и се чини дека ќе игра против Њујорк во понеделник.

„Брада“ истакнува дека „да се биде на поводник“ не се однесува на тоа колку шутеви земал во текот на натпреварите.

„Мислам дека сум креатор на теренот. Кога имам право на збор, можам да кажам: “Еј, тренеру, го гледам ова. Што мислиш за ова?”. Сакам кога некој кој ми верува, кој верува во мене, кој ме разбира. Јас не сум системски играч. Јас сум системот“, вели Харден.

Scroll to Top