Top Sport

Тен Хаг заврши со Ајакс, уште утре почнува со работа во Манчестер јунајтед!

Ерик Тен Хаг го раскинал договорот со Ајакс шест недели порано и ќе почне да работи со Манчестер јунајтед веќе од утре, посочувајќи дека го очекува „многу работа“.

Денеска, тој последен пат го водеше Ајакс до 2:2 ремито на гостувањето кај Витесе, по што откри дека нема да патува со клубот во Курасао на Карибите и дека целосно ќе се фокусира на работата со Јунајтед.

„Утре ќе има забава со луѓето со Ајакс, но нема да патувам во Курасао. Има многу работи кои треба да се завршат, околу мојот тим и изборот на играчи. Ќе работиме напорно на тоа од утре“, изјави 52-годишниот Холанѓанец.

Тој беше запрашан дали е подготвен за „ајкулите“ во англискиот печат.

„Искрено, не ги гледам така тие луѓе. Најважно е да имаме атмосфера во соблекувалната, бидејќи тука се покажува менаџерот. Така функционира тимот, така победуваш“, додаде Тен Хаг

Scroll to Top