Top Sport

Интер нуделе богатство за потписот на Меси во 2008 година

Интер се обиделе да го привлечат Лионел Меси уште во 2008 година, открива поранешниот технички директор на „нераѕурите“, Марко Бранка, но и покрај „богатството“ кое го нуделе, Аргентинецот ги одбил поради верноста кон Барселона.

32-годишниот Аргентинец имал само 21 година кога италијанскиот клуб се обидел да го привлече од Каталонија со „максимални напори“, нудејќи му повисока плата од таа која ја добивал во Барселона.

„Да, се обидовме да го донесеме, но Лео не сакаше да си замине од Барселона. Тој беше благодарен кон својот клуб и очигледно парите не му беа најважни“, вели Бранка за „Либеро“.

Бранка работеше со Интер по крајот на неговата кариера во 2002 до февруари 2014 година, носејќи ги на „Сан Сиро“, Диего Милито, Самуел Ето и Весли Снајдер.

Приказната за Меси неодамна ја потврди и поранешниот претседател Масимо Морати.

„Тој е сон на сите клубови, но не си оди од Интер, тоа треба да е јасно“, вели Морати.

Scroll to Top