Top Sport

Драма на дербито на Рајна – „јарците“ спасија поен со два гола за две минути (видео)

Келн и Фортуна Диселдорф освоија по еден поен во интересното 2:2 реми во последниот денешен меч од 27. коло во Бундеслигата, продолжувајќи ја грчевитата борба за опстанок.

Кенан Караман во 41. минута донесе водство за гостите, но „јарците“ имаа совршена шанса да се вратат во мечот кога во 59. минута беше досуден пенал, меѓутоа ударот на Марк Ут заврши директно во рацете на голманот на Диселдорф, Флоријан Кастемаер.

Казната за Келн дојде веднаш, откако само две минути подоцна Ерик Томи го удвои водството, пред Антони Модест во 88. минута да намали на 1:2 за интересен финиш на мечот, за во 91. минута Колумбиецот Џон Кордоба да израмни по одличното нафрлање на Дрекслер.

Фортуна останува во зоната за испаѓање на 16. место со 24 поени, три помалку од помалку од 15-пласираниот Мајнц, кој доживеа катастрофа од 0:5 од Лајпциг попладнево. Келн се на 10. место со 34 поени.

Scroll to Top