Top Sport

Хамилтон размислува за пензија поради корона вирусот

Луис Хамилтон признава дека размислува за својата иднина во Формула 1 додека чека, конечно, да стартува сезоната 2020, која е во хаос поради корона вирусот.

Хамилтон оваа сезона со титула може да се израмни со Михаел Шумахер на седум светски титули, но бидејќи неговиот договор со Мерцедес завршува на крајот на 2020, пред најавената прва трка во Австрија во јули, Британецот размислува зза индината.

„Ментално е навистина тешко да се чувствуваш  најдобро во овој период. Треба да најдеш начин да се сакаш самиот себеси и да бидеш смирен со таа ситуација. Има денови кога ќе станам и навистина не сум мотивиран да работам. Си мислам за тоа што понатаму, дали воопшто да продолжам со тркањето. Следниот час се враќа мотивацијата и дознавам повторно дека го сакам тоа што ми е работа“, вели Хамилтон.

На овие мисли на шампионот сигурно не помагаат големите шпекулации околу тоа кој ќе биде возач на „сребрената стрела“ во 2021 година, по заминувањето на Себастијан Фетел од Ферари и најавите дека управата на германскиот тим сака да му даде шанса на четирикратниот шампион.

Scroll to Top