Интер на Симоне Инзаги забележа нова победа, овојпат со 2:0 над Специја, за да ги поминат Милан на второто место на табелата во Серија А (пред мечот на „росонерите“ со Џенова), додека Рома на Жозе Мурињо не наиде на милост кај Синиша Михајловиќ во Болоња, губејќи со 1:0 за трет пораз во последните пет натпревари.
Роберто Гаљардини стрелаше во 36. минута по одлично одиграна акција на Интер за 1:0, по што Лаутаро Мартинез во 58. минута го реши натпреварот со гол од пенал. Интер сега имаат 34 поени на второто место во Италија, еден помалку од лидерот Наполи и два пред Милан.
На „Ренато дал’Ара“ пак, дуелот на двајцата пријатели на клупите, Михајловиќ и Мурињо, заврши со победа на домаќините од 1:0, нивна четврта во последните пет меча за да се искачат на осмото место на табелата. Матијас Сванберг го постигна единствениот гол на мечот во 35. минута од мечот.
СЕРИЈА А, 15.КОЛО
Интер – Специја 2:0
Болоња – Рома 1:0
Џенова – Милан 20.45 ч.
Сасуоло – Наполи 20.45 ч.