Top Sport

Ливерпул ќе стави на продажба шест фудбалери?

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп планира целосен „ремонт“ на тимот во текот на летото, што значи дека дури шест фудбалери ќе го напуштат „Енфилд“, јавува британскиот „Дејли мирор“.

На листата на Клоп се Дивок Ориги, Џердан Шаќири, Наби Кеита, Дејан Ловрен и Натаниел Клајн, а во исто време Лорис Кариус, кој е на позајмица во Бешикташ ќе биде продаден.

„Црвените“ имаат сосема цврст тим на речиси сите позиции, но Клоп смета дека премногу се потпира на јадрото на фудбалери кои ги стартуваат речиси сите натпревари, а откако минатото лето не отидоа во „шопинг“, сега најверојатно ќе се смени тоа.

Scroll to Top