Српскиот репрезентативец Лазар Самарџиќ се наоѓа пред трансфер во Интер.
Според новинарот Фабрицио Романо, Интер испратил понуда за фудбалерот на Удинезе вредна 15.000.000 евра плус Џовани Фабијано.
Доколку се оствари овој трансфер, Удинезе добро би профитирал, бидејќи го доведе Самарџиќ за само три милиони евра од Лајпциг во 2021 година.
Србинот со Интер веќе ја договорил својата плата, ако клубовите постигнат договор тогаш трансферот ќе биде реализиран.
Родителите на Самарџиќ се од Србија, тој помина низ младинската школа на Херта, за која настапуваше во првиот тим, но набрзо се пресели во Лајпциг, кој го продаде по само една година.
Лани, тој го прифати повикот да игра за сениорската репрезентација на Србија.