Top Sport

Интер пред договор со албанскиот талент Аслани

Агентот Елио Берти потврди дека Емполи и Интер се договориле за трансферот на младиот албански фудбалер, Кристјан Аслани кај „нераѕурите“ и дека се чека само да се заврши документацијата.

Интер за 20-годишниот Аслани ќе платат 4 милиони евра за позајмица со обврска за купување под одредени услови, со што цената ќе достигне 10 милиони евра со можни бонуси од 2 милиони евра. Како дел од договорот, Емполи ќе го добијат напаѓачот Мартин Сатријано на позајмица во сезоната 2022/23.

Аслани, кој веќе доби повик во сениорската репрезентација на Албанија, своите фудбалски вештини ги доби во фудбалската академија на Емполи, и импресионираше во својата прва полна сезона во Серија А.

Scroll to Top