Top Sport

Ферстапен: Ако не знаете да дизајнирате болид, тоа е ваша грешка

Светскиот шампион на Ред бул, Макс Ферстапен, не е импресиониран од одлуката на ФИА да направи промени со техничката директива да се спречи „потскокнувањето“ на дел од болидите, велејќи дека тимовите кои не знаат како да дизајнираат болид се самите виновни.

Поради техничките промени оваа сезона, повеќе тимови, вклучувајќи го и Мерцедес имаат проблеми со „потскокнувањето“, таканареченото „porpoising“, што беше најзабележливо на Азербејџанското ГП, каде што на Луис Хамилтон мораше да му се помогне да излезе од болиот поради болки во грбот.

ФИА веќе даде техничка директива за „доброто на возачите“, и според Ф1 медиумите, болидите кои имаат проблеми со „потскокнувањето“ ќе мораат да ги поткренат болидите за 10 милиметри веќе од Канадското ГП овој викенд. Ферстапен не е импресиониран.

„Мислам дека е разочарувачки што повторно има менување на правилата сред сезона. Не се работи за тоа дали ќе влијае на нас повеќе отколку на другите, но не смее да се дојде до ситуација кога еден тим постојано се жали и веднаш ги менуваат правилата за да им угодат. Мислам дека има повеќе тимови кои завршија фантастична работа со овие проблеми – ако го кренеш болидот нема да имаш проблеми, но ќе губиш на перформанси. Но, ако не знаеш да го дизајнираш болидот како што треба, тогаш тоа е ваша вина, а не на правилата. Штета“, вели Ферстапен, посочувајќи дека ФИА го фаворизира тимот на Мерцедес.

ФИА со техничка директива ќе го решава „потскокнувањето“ на болидите

Scroll to Top