Top Sport

Интер против Лудогорец на неутрален терен?

Реванш натпреварот во Лига Европа помеѓу Интер и Лудогорец би можел да биде одигра без публика или на неутрален терен поради ширењето на коронавирусот.

Синоќа Интер не го одигра својот натпревар против Сампдорија, поради ширењето на опасниот вирус во неколку региони во Италија.

Сите спортски манифестации во Ломбардија и Вента што беа на програмата викендов не се одржаа.

Натпреварот помеѓу Интер и Лудогорец на програмата е в четврток во Милано, но агенцијата АНСА објави дека голема е веројатноста дека тој ќе се одигра на неутрален терен.

Истиот извор наведува дека ова сценарио е можно доколку биде одбиена идејата дуелот да се одигра без присуство на публика.

Инаку, вчера беа одиграни само два натпревари во Серија А, Лацио победи во Џенова 3:2, а Рома славеше над Лече 4:0.

Scroll to Top