Top Sport

Интер се откажуваат од Дамфрис веќе во јануари!

Дензел Дамфрис не успеал да ги убеди првите луѓе на Интер, и тие би сакале да го продадат веќе во јануари за да можат да купат нов бек.

Поранешниот фудбалер на ПСВ Ајндховен пристигна на „Сан Сиро“ како замена за Ашраф Хакими, кој беше продаден на Пари Сен-Жермен, но според „Ла газета дело спорт“, во Интер се сигурни дека тој нема да има долга иднина во системот на Симоне Инзаги.

„Нераѕурите“ дадоа 12.5 милиони евра за Холанѓанецот и сакаат да ја заштитат инвестицијата и во јануари да го донесат Уругваецот Нахитан Нандез од Каљари, иако и Наполи се заинтересирани за поранешниот фудбалер на Бока јуниорс.

25-годишниот Дамфрис имаше 15 меча за Интер оваа сезона, но само трипати беше стартер во Серија А.

Scroll to Top