Top Sport

Удар за Ред бул – за ФИА задното крило на Мерцедес е легално?

Задното крило на Мерцедес, кое наводно е флексибилно под голем притисок, нема да треба да биде модифицирано на последните две трки од сезоната и покрај инсистирањето на Ред бул, тврдат германските медиуми.

Ова значи дека нема да има промена на задните крила за Саудиското ГП овој викенд и за последната трка во Абу Даби за две недели, тврди „Ауто мотор унд спорт“. Ред бул сметаа дека има проблем со флексибилноста на крилот на рамните делови, и во Катар ФИА направи испитување, но кое поради тоа што е само експеримент не можеше да се воведе во правилата во 2011. Покрај, тоа сите тимови, вклучувајќи го Мерцедес го поминале тестот со кој се поставува тег од 35 килограми на задното крило за да се провери флексибилноста.

Сепак, најверојатно ФИА ќе ги усвои промените за флексибилноста на задното крило за 2022 година, бидејќи се смета дека повеќе тимови ќе се обидат да ја искористат „дупката“ во правилата ако не се регулираат промените.

Мерцедес на последните две трки покажа неверојатна брзина, а Луис Хамилтон победи убедливо во Бразил и во Катар.

Scroll to Top