Иако „Ла газета дело спорт“ и „Ил кориере дела сера“ денеска објавија дека Интер ќе го менува името и грбот на клубот во март, од „нераѕурите“ преку ривалскиот весник „Ла република“ доаѓа демант и посочува дека бизнис-името на клубот ќе остане „ FC Internazionale Milano“, додека Интер Милано ќе се користи само за промоција на новиот грб.
„Ниту кинеските сопственици на Интер, ниту менаџерскиот тим, има било каква намера да го менува историското име на компанијата. Името на клубот сигурно останува Интернационале Милано, и тоа никогаш не било ставено како предлог“, вели изворот на Интер за весникот.
Интер ќе го промовира новиот грб на клубот со маркетинг кампања која е планирана долго време, и не е јасно дали ќе почне во март.