Top Sport

„Чеканите“ ги оставија Шефилд јунајтед заковани на дното

Вест хем стигна до тешко извојувана, но заслужена 1:0 победа на гостувањето кај Шефилд јунајтед, за да ги остават „блејдс“ на последното место на табелата во Премиер лигата со само еден поен по девет одиграни мечеви.

Човек на одлука беше Французинот Себастиен Алер, кој во 56. минута постигна одличен гол, а „чеканите“ имаа и иницијатива во текот на целиот меч.

Тимот на Дејвид Мојс е на осмото место на табелата со 14 поени, додека Шефилд, кои лани се бореа за пласман во Европа остануваат последни со еден освоен поен.

Scroll to Top