Top Sport

Интер со ново аргентинско засилување – Мартинез доаѓа за 22.7 милиони евра

Лаутаро Мартинез го комплетираше трансферот во Интер од Расинг клуб за 22.7 милиони евра, со што „нераѕурите“ доваат нов аргентински напаѓач.

20-годишниот Мартинез пристигна во Милано уште во мај за комплетирање на медицинскиот тест, а сега има петгодишен договор со тимот на Лучано Спалети, откако претходно наводно ги одби Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.

Мартинез имаше 13 гола во 21 настап за Расинг во аргентинската Примера оваа сезона, а во март го имаше и првиот настап за Аргентина на национално ниво, при несреќниот 6:1 пораз од Шпанија. Тој не беше повикан од Хорхе Сампаоли за Мундијалот.

Мартинез со Интер го очекува тешка сезона, во која Интер по подолга пауза се врати во Лигата на шампионите со четврто место во првата сезона со Спалети на чело.

Scroll to Top