Top Sport

Сопругата се породи, Делф се враќа на Мундијалот

Играчот од средниот ред на Манчестер сити, Фабијан Делф се враќа во Русија за да помогне на Англија во четврт-финалето на СП против Шведска, откако неговата сопруга се породи со нивното трето дете.

Селекторот Герет Саутгејт му дозволи на Делф да се врати во Обединетото Кралство велејќи дека „некои работи се поважни од фудбалот“. Делф се пофали на Инстаграм дека неговата сопруга Натали се породила со нивната трета ќерка.

„Ова беа најневеројатните 24 часа во мојот живот. Ги гледав моите браќа како поминаа низ тежок меч, ментално и физички и со секоја топка бев со нив таму. Во 7:52 јас, мојата сопруга и моите две прекрасни ќерки ја пречекавме на овој свет нивната сестричка. Не можам да ја опишам среќата и благодарноста која ја чувствувам. Сега, назад во Русија“, напиша Делф на Инстаграм.

Делф не е единствениот кој чека принова во англиската репрезентација – најдобриот стрелец на Мундијалот, Хери Кејн (6 гола) го чека второто дете, откако неговата сопруга Кејти Гудленд треба да се породи секој ден.

Scroll to Top