Top Sport

Интер со пет-од-пет, Каљари со триумф против Наполи (видео)

Интер на Антонио Конте продолжува со совршениот старт на новата сезона во Серија А, откако во тежок меч во дербито на петтото коло со 1:0 го победи Лацио, додека минатогодишниот вице-шампион Наполи доживеа изненадувачки 0:1 пораз на домашен терен од Каљари. Исто така за одбележување е и првата победа на Винченцо Монтела како тренер на Фиорентина (за што се чекаше од април) – 2:1 над Сампдорија.

Единствениот гол на „Сан Сиро“ вечерва го постигна Даниеле Д’Амброзио во 23. минута од мечот, кога на нафрлање на Бираги успеа да го натскока противничкиот дефанзивец и да го совлада Стракоша. Со победата Интер останува прв со 15 поени, два повеќе од Јувентус пред „Дерби Д’Италија“.

Наполи, пак, непријатно беше изненаден од цврстиот тим на Каљари, кој стигна до победа со голот на Лукас Кастро со глава во 88. минута од мечот. Наполи се четврти со 9 поени, дури 6 помалку од Интер.

СЕРИЈА А, 5.КОЛО

Фиорентина – Сампдорија 2:1

Џенова – Болоња 0:0

Интер – Лацио 1:0

Наполи – Каљари 0:1

Парма – Сасуоло 0:0

СПАЛ – Лече 1:3

Scroll to Top