Top Sport

Лига куп: Јунајтед на пенали се спасуваше од срам, Челси со седум гола за Гримзби (видео)

Лошата форма на Манчестер јунајтед продолжува, откако третолигашот Рочдејл успеа да ги намачи во 1/16 финалето на Лига купот, и мораа да обезбедат пласман дури на пенали. Челси со 7:1 го „збриша“ Гримзби, Ливерпул славеше со 2:0 кај Милтон Кејнс, додека Вест хем доживеа бламажа – загуби со 4:0 од Оксфорд јунајтед.

Јунајтед успеа да го пробие „бункерот“ на гостите преку младиот Мејсон Гринвуд дури во 68. минута од мечот, но потоа следуваше уште еден шок за тимот на Оле Гунар Солскјер, кога во 76. минута Рочдејл успеа да израмни. Сепак, во пенал-серијата, се покажа искуството (и квалитетот) на фудбалерите на Јунајтед, кои постигнаа пет гола, додека Серхио Ромеро одбрани два пенали на малиот клуб.

ЕФЛ ЛИГА КУП, 1/16 ФИНАЛЕ

Брајтон – Астон вила 1:3

Бартон – Бурнемаут 2:0

Челси – Гримзби 7:1

Милтон Кејнс – Ливерпул 0:2

Оксфорд – Вест хем 4:0

Шефилд јунајтед – Сандерленд 0:1

Вулверхемптон – Рединг 1:1, 4:2  пен.

Манчестер јунајтед – Рочдејл 1:1, 5:3 пен.

Scroll to Top